- Како можам да дознаам, дали е засегнат мојот уред за брусење?
- Bosch Power Tools спроведува доброволна мерка за безбедност за ограничен број на уреди за брусење, кои се произведени во времето меѓу јуни до крајот на август 2007 година. Ова опфаќа уреди за брусење од моделите PSS 2 A, PSS 20 A, PSS 190 AC, PSS 200 A, PSS 200 AC, PSS 250 A, PSS 250 AE и PSS 2000 A.
За да проверите, дали Вашиот уред за брусење е засегнат, потребни Ви се бројот на уредот и серискиот број на Вашиот уред. Овие податоци се наоѓаат на спецификационата плоча на Вашиот уред. Каде точно се наоѓа спецификационата плоча, можете да видите на почетната страна. Тука може и во реално време да се провери, дали Вашиот уред е засегнат. Алтернативно нашите соработници се достапни директно преку контактите наведени на почетната страна.
- Зошто Bosch Power Tools ја спроведува ова мерка за безбедност?
- При нашата редовна контрола на квалитетот констатирано е, дека кај ограничен број на уреди за брусење се појавува материјална грешка на пропелерот. Ова би можело да доведе до кршење на пропелерот внатре во уредот. Со тоа би можело да се скрши куќиштето и да се исфрлат деловите. Не може да се исклучи предизвикување на повреди. Освен тоа, би можело да се откријат компоненти под напон, при што во екстремен случај може да дојде до електричен удар опасен по живот. Всушност нам не ни се познати такви случаи.
За исполнување на нашата одговорност кон Вас како клиенти, одлучивме, засегнатите уреди превентивно да ги повлечеме и да ги замениме со нови. Ова замена, се разбира, за Вас е бесплатна.
- Што треба да правам, ако е засегнат мојот уред за брусење?
- Засегнатите уреди за брусење од сега не смеат да се користат или да се предадат на други лица. Bosch Power Tools Ви нуди бесплатна замена на Вашиот засегнат уред. Во можностите за контакт наведен на почетната страна со задоволство Ви даваме информации, како ќе тече враќањето и замената во Вашата држава.
- Мојот уред е всушност засегнат, но функционира беспрекорно. Дали мора сепак да се врати?
- Да, сепак мора да го вратите уредот за брусење. Засегнатите уреди за брусење од сега не смеат да се користат или да се предадат на други лица. Bosch Power Tools Ви нуди бесплатна замена на Вашиот засегнат уред. На контактот наведен на почетната страна со задоволство Ви даваме информации, како ќе тече враќањето и замената во Вашата држава.
- Колку време ќе трае замената уред?
- Се разбира дека ние ќе се трудиме за што побрза замена.
- До кога треба да се пријавам во рамките на ова акција?
- Акцијата не е временски ограничена.
Доколку имате други прашања, слободно контактирајте нѐ на можностите за контакт наведен на почетната страна.